Бајден можеби ќе го отпише долгот на Киев од речиси пет милијарди долари

од Nikola Popovski
47 прегледи

Американската администрација на Џозеф Бајден во заминување го известил Конгресот дека има намера да ги отпише долговите на Украина во износ од речиси пет милијарди долари (4,65), објави Блумберг, кој имал пристап до документот.

„Тоа е последен во низата чекори насочени кон зајакнување на поддршката за Киев пред Доналд Трамп да ја преземе власта“, се наведува во текстот.

„Отпишувањето на долгот, кое ѝ помага на Украина да победи во војната против Русија, е во национален интерес на САД и нивните партнери од ЕУ, Г7+ и НАТО“, се вели во писмото на Стејт департментот до Конгресот на 18 ноември.

Стејт департментот соопшти дека активностите на администрацијата биле во согласност со овластувањата на Конгресот, но планот наиде на критики од републиканците. Сенаторот Ренд Пол од Кентаки рече дека ќе повика на гласање во Сенатот за да се спречи долгот на Украина „да стане одговорност на американскиот народ“.

И двата дома на Конгресот ќе треба да ја одобрат резолуцијата на Пол, што е малку веројатно со оглед на тоа дека демократите во моментов го контролираат Сенатот, пред републиканците да го преземат во јануари, наведува „Блумберг“.

Слични содржини