БАЈДЕН МУ СЕ ОБРАТИ НА ПУТИН: Не сме исплашени, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО!

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше одлуката на Кремљ, поточно Владимир Путин, да прогласи анексија на четири украински региони и рече дека рускиот лидер нема никого да заплаши со своите потези.

Во обраќањето до нацијата по руската анексија на украинските територии, Бајден рече дека сојузниците ќе продолжат цврсто да стојат покрај Украина.

„Америка и нејзините сојузници нема да ја напуштат Украина, дозволете ми да го нагласам тоа. Исто така, нема да бидеме заплашени од Путин и неговите непромислени зборови и закани“, рече Бајден.

После тоа американскиот претседател упати директна порака и до Владимир Путин.

„Америка е целосно подготвена со нашите НАТО сојузници да ја брани секоја педа од територијата на НАТО. Секој метар. Затоа, господине Путин, не разбирајте погрешно што велам. Секој метар“, рече првиот човек на САД.

На крајот, Бајден се осврна на ситуацијата со Северниот тек и обвинувањата од Москва дека Америка е вмешана во експлозиите на важниот гасовод.

„Очигледно тоа беше намерен чин на саботажа и сега во Русија се емитуваат дезинформации и лаги. Ќе работиме со нашите сојузници за да утврдиме што точно се случило таму. Во моја насока, веќе почнавме да им помагаме на сојузниците да ја подобрат нивната заштита на критичната инфраструктура. Во соодветно време, кога работите ќе се смират, ќе испратиме нуркачи да дознаат што точно се случило“, заклучи Џо Бајден.

Слични содржини