Американскиот претседател Џо Бајден му се заблагодари на својот виетнамски колега за средбата во твит кој во меѓувреме е избришан бидејќи по грешка објавил фотографија со лидерот на националното собрание на земјата.
„Претседател Во Ван Туонг, ви благодариме за продуктивната средба. Ова партнерство ќе го отклучи потенцијалот на нашиот народ, а со тоа и низа неверојатни можности“, гласеше објавата на 80-годишниот претседател на X (поранешен Твитер).
Сликата во објавата, сепак, не беше онаа на која се гледа дека Бајден се среќава со Туонг, туку фотографија на која се поздравува со претседателот на Националното собрание на Виетнам, Вуонг Дин Хуе.
И двајцата носат наочари и имаат црна коса раздвоена на иста страна.