Бајден му ветил на Зеленски дополнителни 625 милиони долари воена помош

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски порачал дека Вашингтон ќе обезбеди нова помош од 625 милиони долари за Киев, вклучувајќи го повеќекратниот ракетен систем „Химарс“, објави Белата куќа.

Бајден разговарал со Зеленски заедно со потпретседателката Камала Харис.

„Бајден вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека пакетот ќе вклучува четири системи „Химарс“ и ракети, 32 хаубици со 75.000 парчиња муниција, 200 противмински возила и мини со разурнувачки насочувачки ефект (MRUD).

Фото: POOL / Getty images / Profimedia

Слични содржини