Бајден: Нападнати сме

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден изјави дека немирите од вечерва во Вашингтон не ја претставуваат Америка.

„Во овој момент, нашата демократија е нападната, напад на цитаделата на слободата – Капитол, напад врз претставници на народот и јавни службеници, полицајци чија работа е да го штитат мирот“, рече тој.

Тој додава дека станува збор за мала група екстремисти.

„Ова е хаос и мора да заврши сега“, рече Бајден.

Тој ја повика „толпата да се повлече и да дозволи демократијата да ја продолжи својата работа“.

„Го повикувам Трамп да излезе на национална телевизија и да ја исполни својата заклетва, да го брани уставот и да побара прекин на оваа опсада“, рече Бајден, додавајќи дека следните четири години мора да бидат обновување на демократијата, владеење на правото и пристојноста.