Бајден нареди: САД ќе ги споделат своите докази за руските воени злосторства со Меѓународниот кривичен суд

од Stefanija Kuzmanovska

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден започна – по четири месеци размислување, и веројатно тајни преговори – да разменува докази со Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за воените злосторства извршени во Украина. Соопштението стави крај на повеќемесечниот спор во Вашингтон, во кој Советот за национална безбедност и Стејт департментот ја поддржаа соработката со МКС, но министерството за одбрана се спротивстави на тоа, тврдејќи дека таквата соработка може да доведе до тоа Меѓународниот суд еден ден да може да бара гонење и на американски војници.

Претседателот Џо Бајден, сепак, им нареди на претставниците на неговата администрација да ги споделат своите докази за руските воени злосторства во Украина со Меѓународниот кривичен суд, објави „Њујорк Тајмс“ во вторникот, цитирајќи извори од Белата куќа, а сега тоа е и официјално.

На 17 март Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Тој е осомничен дека илегално депортирал деца од окупираните територии на Украина во Русија. Слична потерница беше распишана и против рускиот омбудсман за деца, Марија Лвова-Белова. Но Америка долго време се двоумеше, не поради Путин туку поради сопствените интереси.

Конечно, Бајден ја донел оваа одлука пред некој ден, а NYT пишува дека не е јасно зошто толку долго чекал и што на крајот го поттикнало на тоа. Прво, на 25 јули, Белата куќа ги информираше членовите на Конгресот за тоа, а два дена подоцна, Советот за национална безбедност го потврди:

„Од почетокот на рускиот напад врз Украина, претседателот беше јасен: мора да има одговорност за сторителите и овозможувачите на воените злосторства и злосторствата во Украина. Ние поддржуваме серија меѓународни истраги за да се идентификуваат и да се повикаат на одговорност одговорните, вклучително и преку Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина, Заедничкиот истражен тим преку Европравда, мисијата за набљудување на човековите права на Обединетите нации, Експертските мисии формирани во рамките на ‘Московскиот механизам’ на ОБСЕ и Меѓународниот кривичен суд меѓу другите“, соопшти Националниот совет за безбедност.

Меѓу информациите на американските разузнавачки служби кои би можеле да бидат од интерес за Хаг, „Њујорк тајмс“ цитира информации дека руски официјални лица донеле одлуки да ја нападнат цивилната инфраструктура на Украина и да земат илјадници украински деца од тамошните окупирани територии. САД веќе споделија дел од овие информации со украинските обвинители, но досега се воздржуваа од соработка со Хаг.

Слични содржини