Бајден наведе „џихадистичка закана“ како оправдување за повлекување од Авганистан

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден го оправда повлекувањето на американските сили од Авганистан со зголемената закана од џихадистите на Исламската држава да нападнат војници и цивили на аеродромот во Кабул.

„Секој ден од операцијата (евакуација) носи дополнителен ризик за нашите војници, почнувајќи со сериозен и зголемен ризик од напад“ од локалниот огранок на Исламската држава во Авганистан, рече Бајден во телевизиско обраќање во вторникот вечерта.

Според него, џихадистите се „заколнати непријатели на Талибанците“, кои се обидуваат да го нападнат аеродромот, американските и сојузничките сили, како и невини цивили.

На виртуелен состанок на лидерите на групата седум најразвиени земји во светот – Г7, Бајден во вторникот потврди дека крајниот рок за завршување на американската воена мисија во Авганистан ќе биде 31 август.

Американскиот претседател додаде дека условот е новите авганистански власти да дозволат секој што сака да биде евакуиран да стигне до аеродромот во Кабул.

Слични содржини