132
Завршувајќи ја изолацијата поради ковид-19, американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја напушти Белата куќа за првпат откако минатиот месец се зарази со коронавирусот и се упати во Делавер за да биде со неговата сопруга Џил Бајден.
Бајден вчера беше негативен на ковид-19, а неговиот лекар Кевин О’Конор изјави дека ќе продолжи да биде во изолација додека на следниот тест повторно не биде негативен на ковид-19, пренесе АП.
„Се чувствувам одлично“, рече Бајден пред да се качи на хеликоптерот Marine Van пред Белата куќа.