Бајден: Нема да им поклониме вакцини на сиромашните земји, Американците имаат предност

од Stefanija Kuzmanovska
343 прегледи

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема да им поклони на сиромашните земји вакцини против коронавирус кои Соединетите држави ги набавија, пред да бидат вакцинирани повеќето Американци, изјави претставник на администрацијата.

Денес, Бајден ќе учествува на виртуелен состанок на Г7 каде лидерите на најразвиените земји ќе разговараат за глобалната дистрибуција на вакцини до кои немаат пристап сиромашните земји.

Бајден, како што се очекува, ќе објави дека половина од четирите милијарди долари за вакцини ќе бидат насочени кон 92 сиромашни земји преку Ковакс, додека преостанатите две милијарди ќе бидат наменети за зголемување на производството на вакцини во следните две години.

Слични содржини