
Кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден изјави дека нема да одржува митинзи за време на пандемијата на коронавирус, за разлика од Доналд Трамп, кој веќе имаше големи митинзи во кампањата за втор мандат во Белата куќа.
„Мислам дека ова е најчудната кампања во модерната историја“, рече поранешниот потпретседател на САД, пренесе АФП.
„Ќе ги следам наредбите на лекарот, не само за мене, туку и за државата, што значи дека нема да одржувам митинзи“, рече Бајден, кој додаде дека се уште не бил тестиран за коронавирус.