105
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони на Украина кои се под контрола на проруските сили се „измама“ и посочи дека Вашингтон никогаш нема да ги признае нивните резултати.
Бајден вчера објави дека референдумите се „лажен изговор за обид за анексија на делови од Украина“ со сила и со флагрантно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации, пренесува Си-Ен-Ен.