Бајден објави крај на борбената мисија на САД во Ирак

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот изјави дека американската војска ќе ја заврши борбената мисија во Ирак до крајот на годината.

„Нашата улога во Ирак ќе продолжи да биде обука, помош, помагање на ирачките безбедносни сили и соочување со ИДИЛ кога ќе се појави заканата, но нема да бидеме во борбена мисија до крајот на годината“, изјави Бајден во овалната канцеларија по разговорите со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими.

– Нашата контратерористичка соработка ќе продолжи и во пресрет на оваа нова фаза – рече тој.

Во моментов има околу 2.500 американски војници во Ирак. Коалициските сили предводени од САД се распоредени во Ирак за да ги поддржат ирачките сили во борбата против т.н. Исламска држава, главно обезбедувајќи обука и совети за ирачките сили, пренесе Синхуа.

Слични содржини