186
Односите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Кина се „на добар пат“ по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Пекинг, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.
Според Бајден, Блинкен „завршил одлична работа“ за време на неговата посета.
„Ние сме на добар пат“, им рече Бајден на новинарите по собирот за климата во Калифорнија.
Блинкен е во Кина од неделата, што е прва посета на американски државен секретар на земјата од 2018 година.