„Бајден падна на тестот“: Израелски експерт за „невидената ситуација“

од Stefanija Kuzmanovska

Политиката на администрација на американскиот претседател Џо Бајден ненамерно придонесе за смртоносниот круг на непријателства во Израел и Газа, смета израелскиот аналитичар. Ескалацијата на конфликтот е тест и Бајден не го помина, рече професорот Еитан Гилбоа, експерт за американската политика на Блискиот исток од универзитетот Бар-Илан.

Грешките на Бајден започнаа уште пред да биде истрелана првата ракета во сегашниот конфликт на Блискиот исток, пишува „Ерусалим пост“.

Уште во февруари, Бајден ја укина назнаката за хутите кои го поддржуваат Иран во Јемен како глобална терористичка организација.

Израелски аналитичар смета дека претседателот на Соединетите држави верувал дека овој потег ќе го намали насилството во Јемен и против Саудиска Арабија, иако дало спротивен ефект.

„Ако сте терористичка организација и не правите ништо и санкциите против вас се укинати, тоа значи дека можете да правите што сакате“, изјави Гилбоа за „Ерусалим пост“.

„Другите терористички организации на Блискиот исток, како Хамас, гледаат на ова и велат: Тоа го прават Соединетите држави? Многу добро. Можеме да го искористиме тоа“, додаде тој.

Потоа, во април, Бајден објави дека Америка ќе им врати на Палестинците околу 235 милиони долари помош што ја повлече поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Приближно две третини од парите се дадени на Агенцијата за помош и работи на Обединетите нации, која Трамп ја укина во 2018 година, бидејќи, наводно, е поврзана со тероризам.

„Хамас и Исламски џихад го гледаат ова и си рекоа дека ако САД безусловно ја обноват оваа помош, тогаш можеме да правиме што сакаме“, објасни Гилбоа.

Среде насилството, американската администрација покажа и недоволно разбирање на ситуацијата, вклучително, според Гилбоа, лажното изедначување на Израел со Хамас и Исламски џихад.

„Повикуваме на деескалација на сите страни“, рече во вторникот портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Оваа досега невидена ситуација е далеку од завршена и ова е време да се тестира пријателството на Бајден. Ставот на американската администрација засега е прилично разочарувачки “, заклучи израелскиот професор.

Слични содржини