Бајден: „Патриотска должност“ е да примите вакцина

од Nikola Popovski
216 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД се подготвени да се соочат со сојот омикрон кој се шири, додавајќи дека нема причина за паника, барем за граѓаните кои ја примиле вакцината.

„Сите треба да бидат загрижени за омикрон, но не смееме да паничиме. Подготвени сме“, рече Бајден.

Претседателот на САД рече дека за разлика од почетокот на пандемијата на коронавирус, земјата сега е опремена со вакцини и има многу заштитна опрема, особено за медицинскиот персонал кој е во директен контакт со заразените.

Бајден рече дека оние кои не биле вакцинирани треба да бидат загрижени, додавајќи дека нивна „патриотска должност“ е да ја примат вакцината против коронавирус.

Околу 73 отсто од новите инфекции во САД имаат омикрон сој на коронавирус.

Слични содржини