Бајден: Планирам да се кандидирам на изборите во 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден се чини дека потврди дека ќе се кандидира за реизбор на претседателските избори во 2024 година.

Бајден (80) во понеделникот во неформален разговор изјавил дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека тоа се уште нема да го објави, пренесува Sky news.

„Планирам да се кандидирам, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа“, рече тој за време на неформалниот разговор за време на велигденската церемонија во Белата куќа за NBC.

Според извештаите, и покрај лошиот рејтинг на Бајден, демократските моќници посочија дека сите се за кандидатурата за реизбор на Бајден дури и пред тој официјално да ја објави својата намера да го бара тоа.

Слични содржини