28
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти во средата дека побарал од американското Министерство за одбрана да продолжи со големите испораки на оружје за Украина, откако го осуди рускиот Божиќен напад врз некои од градовите во Украина и нејзиниот енергетски систем.
„Целта на нападот беше да се прекине пристапот на Украинците до топлина и електрична енергија во текот на зимата и да се загрози безбедноста на нивната мрежа“, навел Бајден во соопштението.
Во средата Русија го нападна енергетскиот систем на Украина и некои градови со крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала, објави Украина. Од руската инвазија на Украина во 2022 година, досега Вашингтон одвои 175 милијарди долари помош за Украина.