Бајден повторно се „изгуби“: Збунето гледаше наоколу и гестикулираше (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден беше збунет по говорот во Питсбург и не можеше веднаш да ја напушти сцената.

Бајден во четвртокот одржа говор во Питсбург за изградба и обнова на инфраструктурата низ целата земја. Американскиот лидер им се обрати на гласачите од местото каде што пред речиси девет месеци се урна мост, при што беа повредени десет лица.

На крајот од говорот, Бајден се оддалечи од подиумот и се сврте во спротивна насока од скалите. Неколку моменти, претседателот на САД збунето гледаше наоколу, гестикулираше и кажа нешто на глас. Потоа се сврте и побрза кон излезот.

Слични содржини