Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска апелираше до приватните компании да побараат од своите вработени да се вакцинираат против Ковид-19, неколку часа откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одобри целосна употреба на вакцината Фајзер за лица над 16 години.
На брифингот во Белата куќа, Бајден ги повика компаниите „да излезат со барања за вакцина што ќе опфати милиони луѓе“, објави „NBC News“.
„Ако сте лидер на приватна компанија, непрофитен лидер, државен или локален лидер кој чекаше одобрување од ФДУ за да побара вакцинација, ви велам сега е време да го направите тоа. Барајте вакцинација“, рече Бајден.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, денеска изјави дека Министерството за одбрана ќе издаде нова инструкција за задолжителна вакцинација на припадниците на армијата.