Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на коронавирус во Соединетите држави е завршена, иако земјата се уште се бори со инфекцијата која убива стотици Американци секој ден.
„Пандемијата заврши“, рече Бајден во интервју за Си-Би-Ес, каде беше гостин по повод саемот за автомобили во Детроит, настан кој собира илјадници посетители.
„Сè уште имаме проблем со ковид. Имаме уште многу работа, но пандемијата е завршена. Ако приметувате, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.
Влијанието на пандемијата на коронавирус значително се намали од почетокот на мандатот на Бајден, кога повеќе од 3.000 Американци умираа дневно, бидејќи грижата се подобри и лековите и вакцините станаа подостапни.