Бајден: Путин смета на фактот дека нема да успееме, мора да му докажеме дека не е во право

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин смета на фактот дека САД нема да можат да ѝ пружат поддршка на Украина, додавајќи дека Вашингтон ќе му помогне на Киев колку што може.

„Путин смета на фактот дека САД нема да можат да одговорат на потребите на Украина. Мораме, мораме, мораме да му докажеме дека не е во право“, рече Бајден во вторникот на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, пренесе „Њујорк тајмс“.

Тој изјави дека Русија ќе биде охрабрена од блокадата во Конгресот кога станува збор за помошта на Киев, додавајќи дека „историјата строго ќе им суди на оние кои ѝ свртеле грб на слободата“.

„Неверојатно е што дојдовме до таа точка. Ако ве слават руските пропагандисти, можеби е време да се преиспитате што правите“, им порача американскиот претседател на републиканците кои се против продолжувањето на испраќањето помош за Украина.

„Без дополнително финансирање, брзо ќе дојдеме до крајот на нашата способност да ѝ помогнеме на Украина да ги исполни итните оперативни барања кои ги има“, рече Бајден.

Тој изјави дека победата значи дека „Украина е суверена и независна земја“, велејќи дека нема сомнеж оти НАТО е дел од иднината на Украина.

Слични содржини