Бајден разговараше со Абас: Итно склучете мир

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва разговараше со неговиот колега од Палестина, Махмуд Абас и апелираше итно да се воспостави мир меѓу Израел и Палестина.

Ова е прв разговор на Бајден со претседателот на Палестина откако во понеделникот започна конфликтот меѓу Израел и Газа.

Во петокот, Бајден испрати претставник во регионот, чија задача е да работи на помирување меѓу двете страни. Тој го информирал Абас дека „Соединетите држави прават напори со засегнатите страни за да ја постигнат целта“, намалување на насилството во регионот, се вели во резимето на повикот, објавено од палестинската медиумска агенција.

Беше истакнато дека Бајден се спротивставува на иселувањето на Палестинците од Источен Ерусалим, но Америка го смета Хамас за терористичка организација и не сака преговори со оваа исламистичка група.

Бајден веќе неколку пати разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого рече дека Израел има право да се брани.

Утрово израелските одбранбени сили ја ракетираа зградата каде што се наоѓаат канцелариите на медиумите АП, Ал Џезира и АФП, бидејќи, како што наведоа, има скриена воена опрема на Хамас, која „ги користи цивилите и медиумите како жив штит“.

Слични содржини