Белата куќа ја разгледува можноста за патување на американскиот претседател Џозеф Бајден во Европа во следните недели за да разговара во живо со европските лидери за руската инвазија на Украина.
Според тројцата анонимни извори на агенцијата АП кои се запознаени со преговорите, патот се уште се разгледува.
Една од можните дестинации е Брисел, седиштето на НАТО.
Друг извор изјави дека се размислува за посета на седиштето на НАТО за 24 март, но дека би можел да посети уште некои места во Европа.
Американската потпретседателка Камала Харис минатата недела го посети источното крило на НАТО, Романија и Полска, каде повеќето луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската агресија.
Таа од Варшава рече дека е таму за да повтори дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, да се договори за дополнително зајакнување на источното крило на НАТО и да испрати сигнал до Русија дека ќе се соочи со сериозни последици и трошоци поради војната во Украина, која ја предизвика Путин.