Американскиот претседател Џо Бајден, по неодамнешните ракетни напади на Русија врз Украина изјави дека САД и сојузниците ќе ја зајакнат воздушната одбрана на Украина.
„Руските ракетни напади во кои денеска загинаа десетици украински цивили и предизвикаа штети и жртви во најголемата детска болница во Киев, се ужасен потсетник на руската бруталност. Од клучно значење е светот да продолжи да стои со Украина во овој важен момент и да не ја игнорираме руската агресија“, рече американскиот лидер, пишува Укринформ.
Тој рече дека оваа недела ќе го пречека претседателот на Украина и лидерите на НАТО на самитот во Вашингтон.
„Ќе ги пречекам претседателот Зеленски и лидерите на НАТО во Вашингтон и ќе се сретнам со претседателот Зеленски за да разјаснам дека нашата поддршка за Украина е непоколеблива. Заедно со нашите сојузници, ќе објавиме нови мерки за зајакнување на воздушната одбрана на Украина за да помогнеме во заштитата на нивните градови и цивили од руските напади“, нагласи Бајден.
Тој повтори дека САД стојат со народот на Украина.
Според објавата на градската воена управа на Киев на Телеграм од вторник наутро, 9 јули, бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Киев се зголеми на 27 загинати и 117 повредени., додека 37 лица загинаа, а повеќе од 170 беа повредени како резултат на руските ракетни напади врз Украина на 8 јули. Вкупно беа оштетени речиси 100 објекти: станбени згради, детска болница, градинки, породилиште, а колеџ и деловен центар.