Бајден: САД ќе одговорат доколку Путин употреби нуклеарно оружје

од Nikola Popovski
210 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден на денешната прес-конференција по самитот на Г7 рече дека планираат да воведат нови санкции за 400 поединци и ентитети од Русија.

Тој посочи дека Путин смета на распаѓање на НАТО и оти верува дека тие не можат да останат обединети.

„НАТО никогаш не бил пообединет како што е денес“, рече Бајден.

Запрашан да ја коментира заканата од хемиско и нуклеарно оружје, Бајден рече дека САД ќе одговорат доколку Путин се реши на таков чекор.

Американскиот претседател изјави дека неговата земја е подготвена да прими 100.000 украински бегалци.

Слични содржини