Бајден сака половина од продадените автомобили во САД до 2030-та да бидат со нулта емисија на штетни гасови

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден сака половина од автомобилите што се продаваат во САД до 2030 година да бидат со нулта емисија на штетни гасови, соопшти Белата куќа.

Ова ќе ги намали емисиите на јаглерод и ќе ја зголеми конкурентноста наспроти Кина, се вели во соопштението.

Сообраќајот во 2019 година изнесува 29 проценти од емисиите во САД, каде што продажбата на електрични возила заостанува зад Европа и Кина, објави во четвртокот Би -Би -Си. Трите најголеми американски производители на автомобили ја поздравија новата цел, иако не е правно обврзувачка.

Светот веќе се затопли за околу 1,2 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера и температурите ќе продолжат да растат доколку ништо не се преземе. Администрацијата на Трамп олесни многу еколошки регулативи во САД, а Бајден сака да го убеди светот сериозно да размисли кога станува збор за борба против климатските промени.

Реагирајќи на објавата на Белата куќа, Форд, Генерал Моторс и Стелантис изразија желба 40 до 50 проценти од нивната продажба до 2030 година да бидат електрични возила.

Минатата година, само околу два проценти од продадените автомобили во САД беа електрични, наспроти десет проценти во Европа, според Меѓународната агенција за енергија. Повеќето се автомобили на Тесла кои забележаа голем раст на профитот минатиот месец.

Слични содржини