Бајден: Се чувствувам одлично, благодарам за грижата

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на коронавирус.

Според неговиот лекар Кевин Оконор, минатата ноќ се појавиле поблаги симптоми, вклучувајќи течење на носот, замор и повремени болки во грлото.

Оконор рече дека на Бајден му бил препишан лекот „Паксловид“ и оти верува дека претседателот, кој е вакциниран, добро ќе реагира на терапијата.

Американскиот претседател за прв пат се огласи на Твитер откако беше објавено дека се тестирал позитивно за коронавирусот.

– Момци, се чувствувам одлично. Ви благодарам за грижата. Само што ги повикав сенаторот Кејси, конгресменот Картрајт и градоначалникот Когнетија (и мојот братучед Скрентон!) за да им кажам колку сум тажен што го пропуштам денешниот настан. Останувам зафатен – напиша Бајден на Твитер.

Потсетуваме, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, претходно објави дека американскиот претседател е заразен со коронавирус и има благи симптоми.

– Претседателот Бајден утрово беше позитивен на тестот за Ковид-19. Тој беше целосно вакциниран и прими две дополнителни дози, а симптомите што ги покажува се благи – изјави Жан Пјер.

Таа додаде дека Бајден ќе биде во изолација, а тој ќе работи преку Интернет. На денешните состаноци ќе присуствува преку Zoom.

Според неа, Белата куќа ќе известува за здравствената состојба на претседателот, а за ситуацијата ќе бидат информирани сите кои биле во контакт со него.

Слични содржини