Американскиот претседател Џо Бајден се сретна со кралот Чарлс Трети во замокот Виндзор. Бајден и кралот цврсто се ракуваа за време на средбата, јавува Би-Би-Си.
Додека поминуваше покрај Велшката гарда, Бајден одеше пред кралот, што го привлече вниманието на многумина на социјалните мрежи.
Имено, поединци потсетија дека во случај на средба со шефот на кралското семејство, еден од протоколите е дека кралот мора секогаш да оди напред. Меѓутоа, во овој случај Бајден прошетал пред кралот додека го поздравувала Велшката гарда и се слушала националната химна, па немало прекршување на протоколот.
Пред да се сретне со кралот, Бајден се сретна со британскиот премиер Риши Сунак.
Американскиот претседател доцна вечерва заминува за Литванија каде ќе присуствува на самитот на НАТО.