Бајден сè уште се навикнува на Белата куќа: Наутро ја прашувам Џил „По ѓаволите, каде се наоѓаме?“

од Stefanija Kuzmanovska

Четири недели откако стана претседател на САД, Џо Бајден вели дека сè уште се навикнува на новата канцеларија.

Бајден откри како изгледа животот во Белата куќа за време на синоќешното интервју за Си-Ен-Ен, осврнувајќи се на поранешните претседатели кои рекоа дека зградата изгледа помалку како позлатен кафез.

– Станувам наутро, ја погледнувам сопругата Џил и ја прашувам: „По ѓаволите, каде се наоѓаме?“ – се пошегува Бајден, изјавувајќи дека не навикнал да биде пречекуван од персоналот и да чека некој да му го облече палтото.

– Сметам дека сум многу самосвесен по многу прашања – рече Бајден, пренесе АП.

Бајден потекнува од работничката класа и израснал во Скрентон, Пенсилванија, и тоа одамна е фокусна точка на неговиот политички бренд.

До неодамна живееше во голема куќа во Вилмингтон, Делавер.

Иако неговото живеалиште сè уште му изгледа ново, Бајден вели дека длабоко навлегол во претседателската функција.

– Понекогаш, кога работите се случуваат премногу брзо, ви се чини дека сте таму со години. Не, не станува збор за товар, но многу работи се случуваат, фокусирани сте- објасни Бајден и рече дека разговарал на телефон со бројни претходници, „освен со еден“.

Слични содржини