Бајден со санкции за политичарите кои работат против Преспанскиот и Охридскиот договор

од Nikola Popovski
451 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден издаде соопштение во кое се наведува дека е проширен списокот на лица, на кои им е забранет влез во САД и блокиран имотот поради влијанието врз дестабилизацијата на Западен Балкан. Бидејќи Бајден не ги наведе имињата, започна лицитацијата за кои лица станува збор.

Во соопштението се наведува дека станува збор за лица кои ги загрозуваат процесите на стабилизација на Западен Балкан, а според новите правила, целиот нивни имот на територијата на САД е конфискуван и им е забрането влегување на територијата.

„Ситуацијата на територијата на поранешна Југославија во последните две децении беше комплексна и вклучува поткопување на повоени конфликти, како и раширена корупција во многу институции во оваа област. Оваа наредба претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на регионот“, оценил Бајден, во соопштението од Белата куќа.

Новите мерки на САД ги вклучуваат сите лица одговорни или соучесници во загрозувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет на која било држава или област на Западен Балкан. Сепак, оние што ги прекршиле договорите за регионална безбедност и мир, во кои се вклучени Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор, исто така се сметаат за одговорни.

Бајден порачал дека областа на Западен Балкан мора да ги почитува заклучоците на Високиот претставник и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија.

Во текстот на извршната наредба се наведува дека не е дозволена каква било форма на корупција, затоа оние што користат државни функции и моќ, но и лично богатство, со цел да обезбедат подобра позиција или да ја оштетат родната земја на кој било начин, подлежат на нови санкции.

Оваа наредба за првпат беше издадена на 26 јуни 2001 година, а крајниот рок за обновување беше 26 јуни оваа година. Бајден ги запази роковите, но сè уште не се знае точно кои се лицата.

Поранешниот претседател на Албанија Сали Бериша, потоа Милорад Додик, Радован Караџиќ и Војислав Шешељ веќе се наоѓаат под санкции.

Слични содржини