Бајден: Со Трамп во едно се согласуваме, и јас се радувам што нема да биде на мојата инаугурација

531 прегледи

Џо Бајден истакна дека е добро што Доналд Трамп нема да биде на инаугурацијата на 20 јануари. Тоа е една од ретките работи за кои се согласуваат.

“Ми рекоа дека тој рече  нема да биде на мојата инаугурација. Тоа е една од ретките работи за кои јас и Трамп всушност се согласуваме. Тоа е добра работа, тој нема да биде таму”, рече Бајден.

“Тој го надмина и најлошото што го очекував од него. Тој беше срам за Соединетите држави, срам за остатокот од светот, тој не беше достоен за претседателска функција”, додаде тој.

Освен Трамп, ниту првата дама Меланија Трамп нема да биде присутна на инаугурацијата, дознава Си-Ен-Ен. Семејството Трамп ќе мора да го напушти Вашингтон на 19 јануари, иако тоа сè уште не е потврдено.

На можноста за присуство на потпретседателот Мајк Пенс на инаугурацијата, Бајден одговори позитивно.

„Тој е добредојден. Би бил почестен да го имам таму во процесот на транзиција на власта“, рече Бајден, додавајќи дека е важно да се држиме до историјата кога станува збор за трансферот на власта. Но, Бајден исто така вели дека сè уште не слушнал за Пенс за тоа.

Слични содржини