Бајден собрал над 300 милиони долари донации во август

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, во август собрал повеќе од 300 милиони долари донации, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два извори.

Бајден, кој според неодамна спроведените истражувања води пред сегашниот претседател Доналд Трамп, во јули собра 140 милиони долари.

Индивидуална донација може да изнесува најмногу 710.300 УСД.

Според „Њујорк Тајмс“, кампањата на Бајден очекувала повеќе донации во август поради Демократската национална конвенција, но и изборот на сенаторот Камала Харис за кандидат за потпретседател.

Само за време на виртуелната конвенција одржана од 17 до 20 август, Бајден и групите кои ја поддржуваа неговата кампања собраа 70 милиони долари.

Демократскиот кандидат на тој начин го надмина претходниот рекорд поставен од поранешниот претседател Барак Обама во септември 2008 година, со 193 милиони долари.

Оваа бројка е поголема од онаа што Трамп (90 милиони) и Клинтон (143 милиони) ја собраа во август 2016 година – заедно.

Кампањата на Трамп, која собра 165 милиони во јули, сè уште не објави колку донации собра во август, но рече дека собрала 76 милиони долари за време на четиридневната конвенција минатата недела.

Слични содржини