300
Администрацијата на Бајден го суспендираше закупот на наоѓалиштата нафта и гас на Алјаска во Националниот Арктички животински резерват откако го анализираше влијанието на овие активности врз животната средина во оддалечените области, потврдија два извора на АП кои имаа увид во официјалниот план.
Наредбата на Министерството за внатрешни работи на САД за суспензија треба да биде објавена подоцна денес.
Оваа одлука на администрацијата на Бајден ја суспендира програмата за експлоатација на фосилни горива воведена од администрацијата на Трамп, пренесува АП.
Алјаска е природно живеалиште за поларни мечки, снежни бувови и други ретки животински видови, вклучувајќи птици преселници од шест континенти, кои сега ќе имаат поголема заштита.