Популарноста на претседателот Доналд Трамп опаѓа, економијата е во колапс, а јавноста паничи околу пандемијата на коронавирусот – токму поради овие причини, се чини дека кандидатот на Демократите треба да има јасен пат до Белата куќа во ноември.
Тој кандидат сега е поранешен потпретседател Џо Бајден, бидејќи сенаторот Берни Сандерс ја заврши својата кампања за претседателската функција и го поддржа Бајден неколку дена подоцна. Други, исто така, го поддржаа Бајден, вклучувајќи ги и поранешниот претседател Барак Обама и Елизабет Ворен, која ја заврш нејзината кампања во март.
Сепак, нема гаранција дека Трамп ќе изгуби и ќе победи Бајден. Ако тој не ја сфати сериозно кампањата, тогаш Трамп веројатно ќе биде реизбран.
Трамп е професионалец во водењето на кампањата. Тој собра рекордни суми на пари, започнувајќи ја својата реизборна кампања на денот кога зачекори на претседателската позиција во 2017 година.
Точно, тој сега не одржува големи собири што привлекуваат илјадници и ги „пали“ своите следбеници. Бидејќи жителите остануваат дома заради коронавирусот, зарем тоа не треба значително да ја наруши реизборната кампања на Трамп?
Не мора да значи. Тој сега инвестира многу во кампања преку Интернет. На пример, тој потроши милиони на реклами на Фејсбук, пишува Ентони Панке за Ал Џезира.
Новото нормално во САД
Тука се и неговите сојузници во медиумите, како што е „Фокс њуз“. Иако се исмевани за потценување на глобалната пандемија, многумина од коментаторите на овој канал се согласија со новото нормално, предизвикано од вирусот во САД. Сепак, многумина во овој медиум известуваат за пандемијата поинаку во споредба со другите, со тенденција да застанат на страната на претседателот секогаш кога е можно.
Треба да се размисли и за изборната катастрофа, која гласачите мораа да ја издржат на 7 април на клучното бојно поле во државата Висконсин, каде републиканците го отфрлија барањето на демократскиот гувернер Тони Еверс за одложување на т.н. примарни избори. Како резултат, гласачите мораа да стојат во линија со часови, почитувајќи ја социјалната дистанца.
Гласачите, всушност, мораа да избираат помеѓу нивното здравје и уставно загарантираното право да ги изберат своите водачи. Врховниот суд се вклучи и не само што дозволи изборите да продолжат, туку и ставија ограничување на гласовите на избирачите во отсуство да се предадат подоцна. Овој суд на крајот донесе одлука дека треба да се одржат примарните избори, и покрај фактот дека бројот на заболени од коронавирус во земјата продолжува да се зголемува.
Одлуката на Врховниот суд не е нешто што треба да се игнорира. Овој суд изборните решенија ги остави на одделните држави.
Главниот судија на Врховниот суд, Џон Робертс има долга историја со овој став. Тој дури формираше мнозинство во суд што значително го ослабуваше Законот за правата за гласање – централен закон за граѓански права од 1960-тите години, кој имаше за цел да обезбеди слободни и фер избори за Афроамериканци, особено во делови од државата познати по расната дискриминација .
Правото на глас на тест
Висконсин не е единствената држава во која се тестира правото на гласање. Постојат и други држави каде е нарушено гласачкото право, вклучително и Џорџија, Тексас и Северна Каролина. Од расчистување на регистрираните списоци на гласачи до создавање на барања за лична карта на избирачите, многу држави ширум Соединетите држави вложиле вистински напори да го задушат гласањето.
Покрај тоа, луѓето со ниски приходи и Афроамериканците се особено и несразмерно погодени од ваквите ограничувања.
Ова е акутен проблем за демократите – токму оние што се погодени од сузбивањето на гласачите ја поддржуваат левицата, а тие гласаат за демократите, а не за републиканците.
Слободно може да се каже дека оваа изборна година е минско поле за демократите, пред се заради способноста на Трамп да води кампања и успехот на републиканците во искривување на изборните правила во нивна полза.
На сцена стапува Џо Бајден.
Дали тој и неговата кампања се дораснати на задачата да се движат по овој опасен политички терен?
Искрено, тешко е да се каже – сепак Берни Сандерс редовно се појавуваше во јавност, иако виртуелно, бидејќи пандемијата се шири низ САД.
А Бајден? Дали е тој дораснат? Дали тој се обрати пред јавноста, собирајќи луѓе во неговата кампања?
Не баш – тој беше тивок во поголемиот дел од времето. Тој очигледно му дозволи на Трамп да разговара за кризата, истакнувајќи дека владата треба да „преземе одговорност“.
Нели е тоа излитена фраза? Да, владата треба да биде одговорна, но што друго? Што е со набавка на потребните респиратори што ги бараат болничките работници, или гарантирање на безбедноста на милиони работници на храна кои ги чуваат рестораните и продавниците отворени? Дали Бајден го „прозва“ Трамп бидејќи ги занемари овие луѓе? Не, не го направи тоа.
Кои се ставовите на Бајден?
Што е со Висконсин? Еве повторно, Бајден тука затаи – тој беше на страната на Врховниот суд, оставајќи на државата да одлучи како ќе постапи.
Во меѓувреме, Бајден бараше поддршка од приврзаниците на Сандерс.
Но, врз основа на што да му ја дадат? Погледнете ги ставовите на Бајден – тој не поддржува здравствено осигурување за сите и го поддржа пристапот на претседателот Барак Обама за имиграцијата, што вклучуваше масовна депортација.
Овој став ќе биде пречка за неговата поддршка од Латиноамериканците.
Младите се оддалечуваат од кампањата на поранешниот потпретседател од различни причини, вклучително и дека имаат полиберални погледи од постарите демократи, ја немаат истата носталгија кон Обама и не се убедени дека Бајден е поприлагоден за избор од Сандерс.
Исто така знаеме дека има илјадници приврзаници на Берни, во држави со еднаква поддршка за републиканците и демократите, кои гласаа за Трамп во 2016 година кога Сандерс не беше опција.
Во меѓувреме, Трамп се појавува секој ден на состаноци со печатот. Редовно е обвинуван дека лаже и дека ја потценува сериозноста на пандемијата.
Сепак, кога ќе помине кризата и според некои извештаи за пониски од вообичаените стапки на смртност, би можеле да се вратиме во нормала во септември – Трамп ќе биде тој што ќе го земе кредитот за враќање на работите под контрола.
Вистинското прашање што треба да го поставиме Бајден не е каде беше во овие тешки денови на вирусот корорнарна пандемија, туку, наместо тоа, кој е неговиот план за иднината?
Поточно, кога ќе започне сериозна кампања, привлекувајќи ги приврзаниците на Сандерс и ќе понуди одржлив, реален модел на лидерство за држава на која итно му треба водство?
Доколку Бајден одбере да продолжи со молкот, тогаш Трамп без сомнение ќе ја пополни празнината, а со своите сојузници во медиумите и милиони долари наменети за кампањата, републиканците ќе се борат до последно за да ја задржат претседателската позиција.
Дали Бајден ќе ја покаже истата решителност да заземе свој став? Судејќи според неговите досегашни постапки, тешко.