Бајден: Тие не беа демонстранти, туку вооружена толпа, терористи

од Nikola Popovski
178 прегледи

Идниот претседател на САД, Џо Бајден, го прогласи вчерашниот напад на Конгресот за „еден од најмрачните денови во историјата на Америка“ и напад на американските слободи и вредности.

„Би сакал да кажам дека не го очекувавме тоа, но да бидеме реални, тоа не е точно. Го очекувавме ова“, рече новоизбраниот претседател.

„Не, не беше тоа неред. Беше хаос, а тие луѓе не беа демонстранти, туку лута толпа, домашни терористи“, изјавил Бајден, кој не бирал зборови кога зборувал за Доналд Трамп.

Последните четири години имавме претседател кој јасно го покажа својот презир кон нашата демократија, Уставот, владеењето на правото. Тој од првиот ден покажа дека не ги почитува нашите институции и демократијата“, соопштил Бајден, додавајќи дека има само една причина зошто вчера немало уште поголемо крвопролевање.

„Полицијата не ги нападна само затоа што тие беа претежно бели. Што ако таму имаше демонстранти од „Black Lives Matter“, а не овие разбојници? Се сомневам дека полицијата би била толерантна“.

Процесот на потврдување на победата на Џо Бајден на изборите во ноември беше прекината во Конгресот кога насилна група приврзаници на Трамп упаднаа во зградата. Во немирите загинаа четири лица, а како што подоцна беше објавено, 68 лица беа уапсени.

За време на упадот во зградата, приврзаниците на Трамп извикуваа „Ние го сакаме Трамп“.

Откако во Конгресот беше прекинат процесот на потврдување на резултатите од претседателските избори во Америка минатата година, поради насилниот упад на приврзаниците на сегашниот американски претседател Доналд Трамп во зградата, пратениците се вратија во Конгресот и го завршија процесот за потврда на победата на Џо Бајден.

Слични содржини