158
Американскиот претседател Џо Бајден му вети денеска на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина напредни воздушни системи по разорниот руски ракетен напад, објави Белата куќа.
Во телефонскиот разговор со Зеленски, Бајден изразил уверување за континуираната поддршка на САД и ги осудил руските „бесмислени напади“ кои погодија цивилни цели, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Американскиот претседател, исто така, му рекол на Зеленски дека САД и нивните сојузници и партнери ќе продолжат да бараат одговорност од Русија, сметајќи ја одговорна за воени и други злосторства и дека ќе обезбеди безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина, соопшти Белата куќа.