Напнатоста во односите меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се намалува поради односот на Нетанјаху кон војната во Газа. Според извори на Ен-Би-Си, Бајден наводно три пати употребил груб и навредлив термин за лидерот на сојузничката земја.
Од нападот на палестинскиот Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и почетокот на војната во Газа, Бајден се обиде да го убеди Израел да ја промени својата воена стратегија, но Нетанјаху вети дека ќе води војна додека Израел „не постигне целосна победа“ и „не го уништи Хамас“.
„Тој едноставно чувствува дека е доволно, дека војната во Газа мора да престане“, навел еден од блиските соработници во врска со ставовите на Бајден.
Американскиот претседател кажал и дека Нетанјаху „му предизвикува пекол“, пренесува „Бета“.