Бајден за првпат во јавноста по инаугурацијата

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Претседателот на САД, Џо Бајден присуствуваше на мисата во католичката црква на Светото тројство, што е негово прво појавување во јавноста по инаугурацијата.

Во неделата, Бајден, вториот претседател од католичка вероисповед, присуствуваше на миса во црква на неколку километри од Белата куќа, на која често присуствуваше уште еден претседател, исто така католик – Џон Ф. Кенеди, пренесува АП.

По завршувањето на мисата, тој кратко им изјави на новинарите дека мисата била прекрасна.

Тој дошол на службата придружуван од неговиот син Хантер и двата внуци.

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, во петокот изјави дека Бајден ќе продолжи да присуствува на мисите за време на неговиот мандат.

Слични содржини