178
Американскиот претседател Џозеф Бајден (81) ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите одржана во саботата за да го нападне својот републикански ривал Доналд Трамп (77) за незрелост и се пошегува на сметка на сопствената напредна возраст, пренесува Си-Ен-Ен.
„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж и се кандидирам против шестгодишно дете“, рече Бајден, кој го нарече Трамп „заспаниот Дон“.
Говорејќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден, зборувајќи за Трамп, додаде: „Годините се единственото нешто што ни е заедничко. Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“.