Бајден за убиениот Американец во Украина: Тажно е, остави бебе зад себе

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја коментираше веста дека Американецот Вили Џозеф Кансел бил убиен во Украина додека се борел рамо до рамо со украинските сили против руските војници.

„Многу е тажно. Тој остави мало бебе зад себе“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно изрази сочувство до семејството Кансел, додавајќи дека американската влада официјално не ја потврдила смртта на Вили Џозеф и ги предупреди Американците да не патуваат во Украина „поради која било причина“.

Работел за приватна воена компанија

Кансел бил убиен во понеделникот додека се борел заедно со украинските војници, потврдиле членовите на неговото семејство за Си-Ен-Ен. Поранешниот маринец (22) работел во приватна воена компанија, која го испратила во Украина. Неговата мајка Ребека Кабрера потврдила за Си-Ен-Ен дека бил платен за да учествува во борбите.

-Кога избувнала војната во Украина, компанијата барала доброволци подготвени да се борат во Украина, а Кансел се согласи да замине, изјави Кабрера.

Слични содржини