Баји лут на Солскјер, нема да прифати нов договор

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Пласманот на Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лигата на Европа го обележа Пол Погба со гол на својот прв натпревар во почетниот состав по повеќе од месец и половина пауза поради повреда, а одекот на овој триумф донесе проблеми на „Олд Трафорд“.

На Островот кружат информации дека Ерик Баји е лут на Оле Гунар Солскјер поради „непочитување“, а причината е што Норвежанецот не го вклучи во тимот за реваншот против Милан. Претставникот на Брегот на Слоновата Коска не беше дел од експедицијата што отпатува за Милано, а наместо Баји, партнер на Хари МекГваер беше Виктор Линделеф.

По завршувањето на мечот со Милан, Баји му се пожалил на главниот тренер дека се чувствува непожелно во тимот, и поради тоа, наводно, бил подготвен да ја одбие можноста за продолжување на договорот со Јунајтед за уште една година, потег кој требаше да го задржи на „Театарот на Соништата“ до летото 2023 година.

Ако ова е навистина точно, тоа значи дека Баји би го забрзал процесот на напуштање на клубот, бидејќи Јунајтед би го имал практично само претстојното лето и евентуално следната зима за да заработи нешто од неговата продажба, односно да не замине како слободен агент за година и пол.

Слични содржини