Заложбите на Министерството за труд и социјална политика во изминатите три години за зголемување на опфатот на деца во градинките го препозна и поддржа и Светска банка, која ја грантира и надградбата на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка, со што ќе се прошири нејзиниот капацитет за згрижување на уште околу 100 деца. Ова го изјави заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, кој заедно со премерот Оливер Спасовски и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ извршија посета на клон – 2 на градинката во Крива Паланка.
Проектот ќе се реализира со средства од Светска банка, во износ од околу 23.000.000 денари за зголемување на капацитетот за згрижување деца, а МТСП ќе обезбеди финансии за комплетно опремување на целиот објект.
-Оваа Влада плански гради инфраструктура за детска заштита и во изминатиот период инвестиравме во 44 градинки и објекти за ран детски развој и создадовме услови за квалитетно сместување на 3.000 деца од предучилишна возраст. Дополнително, 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски-ефикасни градинки кои значату ште 7.500 деца од предучилишна возраст што ќе бидат опфатени. Проодлжуваме со капиталните објекти, зашто тоа не е само инвестиција во објекти, туку пред се вложуваме во нашата иднина, а наша иднина се децата, додаде Бајрактар.
Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски рече дека надградбата на објектот на градинката во кој се инвестираат 23 милиони денари е многу важна и е надополнување на бројните вложувања во градинката во клон-1, објектот на главната улица минатата година.
-Во изминататa година со средства oд ФООМ и програмата на УНОПС, од МТСП, од буџетски средства на градинката, инвестирани се 13 милиони денари за опремување на објектот на ул.„Св.Јоаким Осоговски“. Вложено е во замена на целокупната столарија, фасадата и зградата се енергетски ефикасни, заменета е покривната конструкција, опремени се нови занимални, а деновиве почнува уште една инвестиција, 1.8 милиони денари за проемна на системот за затоплување на објектот, со што ќе направиме разлика, како државата, институциите и општината треба да се грижат за своите најмлади генерации и да им овозможат правилен раст и развој, рече Мицевски.