Елвис Бајрам демантирше дека во својот дом организирам забава и пукал огномети.
„Објавената информација е целосно неточна и невистинита дека јас сум бил вмешан на настан каде се пукало огномет. Најнапред, јас живеам во општина Шуто Оризари, а наведениот настан и пријавата кон полицијата дојде од граѓани кои живеат од друга населба. Понатаму, јас не сум присуствувал на наведениот настан со што објавените информации ги деградираат моето име и презиме.Искрено сметам дека новинарите во нашата земја професионално ја извршуваат својата должност но со искажување на невистинити информации само ја нарушувате вашата професија и станувате дел од новинарите и медиумите кои пласираат неточни информации fake news. Искрено Ве упатувам да ги проверите информациите пред да ги објавите“, се наведува во демантот на Елвис Бајрам.