Бајрам со полициска придружба бил на распит за кражба на струја во ГТЦ

од Берта Китинска
271 прегледи

По насоки и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје преземени се повеќе мерки и активности за расчистување на случајот со кражбата на струја во Градски трговски центар (ГТЦ) и копањето биткоини, информираат од МВР за „Локално“ додавајќи дека за овој слчај со потерница бил баран синот на починатиот пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам

-По неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор во полициска станица, а по распишан централен распис, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје и со него бил извршен разговор во полициска станица. Исто така, во претходниот период, остварени се контакти и извршени се службени раговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар Скопје, а се вршат службени разговори и со други лица. Ве известуваме дека по комплетирање на целокупниот материјал ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство Скопје за преземените мерки, информираат од МВР.

Ѓоко Трајчевски, директорот на АД ГТЦ неодамна во изјава за медиумите призна дека имало кражба на струја од страна на фирмата на браќата Елвис и Габриел Бајрам.

Сопствениците на дуќаните во ГТЦ со месеци укажуваат на тоа дека по откривањето на магацините преполни со ригови за „копање“ биткоини, тука некој вршел кражба на струја, но реакција од надлежните институции немало.

Според изјавите на Трајчевски фирмата на Бајрам со години била сместена во подрумските простории на ГТЦ.

Слични содржини