2,2K
Албанскиот фудбалски репрезентативец Недим Бајрами вечерва против Италија во 23. секунда постигна гол, што е најбрзиот гол во историјата на европските првенства.
Претходен рекордер беше Русинот Дмитри Кириченко, кој постигна гол по една минута и седум секунди против Грција во 2004 година.
Бајрами (25) настапува за италијански Сасуоло.