Муарем Бајрами, тренерот на Македонија ЃП е задоволен од изданието на неговите фудбалери против ЦСКА Софија во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Мечот заврши без голови – 0:0.
„Македонија ЃП покажа борбеност, организација и покажавме дека сме спремни за вакви натпревари. Одигравме многу агресивни и добри 45 минути, покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи и можам да кажам дека во првиот дел бевме подобар ривал. Црвениот картон ги наруши нашите планови, тешко е со играч помалку. Целевме да ги задржиме почетните 0-0, задоволен сум од прикажаното и резултатот на крајот. Моите момци излегоа во вториот дел и одиграа како што треба. Нашата цел ја исполнивме, а можевме и да победиме“, изјави Бајрами по мечот.