Бакингемската палата во саботата одби да одговори на прашањето дали 94-годишната британска кралица Елизабета Втора се вакцинирала, односно дали веќе го сторила тоа, велејќи дека тоа е приватна работа.
Службеник за односи со јавноста за германската новинска агенција „ДПА“ изјави дека Палатата нема да дава никакви изјави за тоа.
Божиќните празници Кралицата ги помина со сопругот, 99-годишниот принц Филип, во замокот Виндзор западно од Лондон, без други членови на кралското семејство.
Спротивно на британската кралска куќа, данската кралица Маргарет Втора ја прими вакцината јавно на новогодишната ноќ, а втората доза на вакцината ќе ја добие за околу три недели.
Британската влада објави дека милиони веќе биле вакцинирани против коронавирус.
Вакцинацијата со друга одобрена вакцина произведена од AstraZeneca / Oxford ќе започне во Велика Британија следната недела, а вакцинацијата со BioNTech / Pfizer започна на 8 декември.
Сепак, ќе бидат потребни неколку недели, па дури и месеци, да се вакцинираат доволно жители за да може земјата да почуствува резултати.