Баклава со нова песна и видео

од desk2
206 прегледи

Групата „Баклава“ ја промовира својата поп-рок композиција „НЕВЕН“ со видео кое покрај својата уникатна естетика е и прв музички спот во регионот, а веројатно и во светот, кој е направен во синемаграф стил, спојувајќи ги видеото и фотографијата.

Видеото го потпишуваат Сибо и Елена Баклава, а снимките се направени од Наце Попов.
Снимено е на скопски локации каде е застапена бруталистичката архитектура спојувајќи ја невообичаената костимографија во која ја гледаме Елена, со острите црти на овој правец, на еден уникатен начин.

Песната ја води една оптимистичка порака: Невен не венее!, кога најчесто се соочуваме во тмурните есенски денови, размислувајќи за стареењето и нашата конечност.

Како и вообичаено, музиката ја напиша Елена Баклава, а текстот Сибо. Покрај вокалот на Елена , овојпат, маестрално звукот го збогатија; Дејан Теодосиевски – виолончело, Драган Стојковски – тамбурут (нов иновативен инструмент) и бас гитара, Гоце Наумов – перкусии, Јордан Костов – армоника, Петрит Сарачини – усна армоника и Сибо – деф. Снимено и миксано во студиото Алшар од Ивица Јанкуловски.