Бакраческа: За да се стигне до ЕУ најважно е вистинските луѓе да дојдат на вистински места во државава

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Исто како и претходното составување на Владата така и при сегашниот предлогот на министрите се прави класична распределба меѓу коалиционите партнери, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

„Доколку премиерот беше вистински премиер на државата требаше да има способност да одбере луѓе со интегритет кој ќе ја водат државата во правилна насока. Сметам дека крајно време беше и парламентарното мнозинство барем еднаш да се надмине себе си и да продискутираме отворено за предложените кадри, но за жал и овој пат по не знам кој пат имаме менувања без образложение“, рече Бакраческа.

Таа посочи дека за да се стигне до ЕУ она што е најважно се вистинските луѓе да дојдат на вистински места во оваа држава.

Бакраческа истакна дека на столчето од Никола Тупанчевски ќе дојде Кренар Лога и додека тој ги детектира проблемите во судството ќе му истече мандатот. „Ваквата брза смена стани – седни на удобното столче не е добро решение“, посочи таа.

„За жал реалноста поврзана со здравствениот систем во Македонија не е ни малку блескава, се навикнавме на дисфунционалост и бројни неодговрени прашања. Ако некој се нафатил да води здравствени систем мора да знае да спроведува мерки на секој чекор. Од реформи во здравството добивме само смена на министри. Тројца министри се сменија за само две години а никаков напредок не водовме“, изјави Бакраческа.

Слични содржини