Кога е тешко – Крис Мидлтон. Toj беше и најзалужниот за победата на Бакс над Феникс Санс – 109:103 (20:23, 32:29, 24:30, 33:21). После 2:0 во последната серија за Феникс, Милвоки израмни на 2: 2.
Домашното крило постигна 40 поени, десет од нив во низа кога се кршеше резултатот.
– Крис не се плаши да шутира, никогаш не се плашеше – рече дефанзивецот на Милвоки, Дру Холидеј.
Одличен беше и Јанис Адетокумбо. Постигна 26 поени и имаше уште 14 скока и осум асистенции. Одличниот Грк не успеа да постигне 40+ поени по трет пат во низа, но сигурно не очајува поради тоа, откако неговиот тим израмни во серијата.
– Ние навистина ја посакувавме оваа победа и тимот ја покажа на теренот – јасен е Адетокумбо.
Гостите ги предводеше Девин Букер со 42 поени, но тој влезе во неволја со лични грешки, што влијаеше на играта и резултатот во второто полувреме. Една од причините за поразот на Санс е слабиот учинок на Крис Пол, кој постигна само 10 поени (шут од играта 5/13), со пет загубени топки.
– Тешко е, но имаме шанса да се вратиме – прокоментира Пол.
Петтиот натпревар ќе се одигра ноќта помеѓу сабота и недела.